Линкови за пристапност

Последна средба на Буш и Блер во Белата куќа


Претседателот и премиерот ја искористија својата последна официјална средба да одржат видео конференција од Белата Куќа со американските и британските команданти во Ирак.

Премиерот Блер вели дека има веродостојни знаци на напредок во насока на политичко помирување меѓу терористи на Ал-Каида и елементи поддржани од Иран кои се подеднакво решителни да го изместат тој процес.

-Овој екстремизам се обидува да ја оневозможи перспективата за стабилност и прогрес во многу различни држави. Нема друга алтернатива за нас освен да го поразиме секаде каде постои. И тоа е вистина сеедно дали е во нашите земји, кои самите страдаа од тероризам, или пак во Ирак или Авганистан.

Премиерот Блер долго беше најголемиот сојузник на претседателот во Ирак, со британските трупи втори по обем, веднаш по американскиот контингент во мултинационалните сили.


Непопуларната војна им наштети на рејтингот на двајцата лидери и во Британија се гледа на тоа како на една од причините што премиерот заминува од функцијата.

Запрашан дали тој е виновен што премиерот ја напушта функцијата, претседателот кажа дека не знае, но потоа додаде со смеење „можеби“.


На прес конференција во „Градината на розите“ господинот Буш кажа дека работењето со господинот Блер било задоволство и уживал повеќе отколку што можел да замисли.

-Знаете, не жалам за она што можело или не можело да се случи во изминативе пет години. Го ценам овој однос за кој навистина верувам дека постави основа за мир.

Премиерот Блер вели дека се обидел да го направи тоа што е исправно и дека повторно би се сојузил со претседателот кога сето би почнало одново.

-Го почитувам како претседател и го сметам за пријател. Заземав став дека Британија треба да стои рамо до рамо со Америка по 11 септември. Никогаш не отстапив од тој став. Не жалам за тоа. Се гордеам со пријателството што постои меѓу двете држави.

Иако ова најверојатно беше нивна последна средба во Белата Куќа, двајцата ќе се сретнат повторно како шефови на влади на Самитот на Групата Осум што следниот месец ќе се одржи во Германија. /лк/

XS
SM
MD
LG