Линкови за пристапност

Гонзалес одбива да даде оставка


Гонзалес зборуваше во Националниот прес клуб во Вашингтон. Тој инсистираше дека отпуштањето било исправно, но дека за таа одлука тој се потпрел на мислењето на заменикот Пол МекНалти. Ова обвинение дојде еден ден откако МекНалти најави дека заминува од функцијата.

Гонзалес ги бранеше претставниците на Белата Куќа за кои некои веруваат дека влијаеле на отпуштањето од политички мотиви. „Верувам“, рече тој, „дека Белата Куќа јавно има кажано дека не била инволвирана во додавање или бришење на имиња од листата."

Но, сенатската Законодавна комисија вчера го сослуша поранешниот заменик генерален правобранител Џејмс Коми, кој кажа дека Гонзалес, додека работел во Белата Куќа, постапил несоодветно пристапувајќи му тогашниот генерален правобранител Џон Ашкрофт додека бил критично болен.

Коми вели дека Гонзалес и шефот на Кабинет на претседателот барале Ашкрофт да потпише, на болнички кревет, продолжување на важење на законот за домашно прислушкување без судски налог. Коми вели дека Ашкрофт одбил.


"Многу бев вознемирен. Бев лут. Мислев дека гледам како сакаат да злоупотребат болен човек", кажа Коми на распитот.

Сенаторите одново изразија лутина спрема Гонзалес. Како што рече демократот од Њујорк, Чарлс Шумер, тоа што се случило во болничката соба зборува за ставот на Гонзалес спрема владеењето на правото, и за неговата подобност да биде на чело Одделот за правда.


Претседателот и натаму го поддржува генералниот секретар.

XS
SM
MD
LG