Линкови за пристапност

Дали Волфовиц ќе остане на чело на Светската Банка?


Кога Пол Волфовиц пристигна во Светската Банка, ја направи борбата против корупцијата во светот свој главен приоритет.

Иронично, тој учествувал во наоѓање ново место за неговата придружничка, Шаха Риза, за да избегне конфликт на интереси.

„Погрешив и жалам за тоа“, изјави тој по случајот, но 24-члениот извршен одбор на банката смета дека аранжирањето нова работа за Риза значи прекршување на правилата на институцијата.

Сепак, Џин Ротберг, кој 19 години работел како благајник и потпретседател на Банката, смета дека проблемот на Волфовиц не е контроверзата со Риза.

„Мислам дека главната причина е Ирак“, вели тој. Волфовиц се смета за еден од архитектите на војната и за Ротберг неговото непризнавање дека направил грешка што предизвика толкава штета, е она што не му се простува.


Многумина од петте илјади вработени во банката сметаат дека ефикасноста на Волфовиц како лидер на институцијата е неповратно изгубена.

Традиционално, Европа го избира првиот човек на ММФ, а САД претседателот на Светската банка. Претседателот Буш го поддржува Волфовиц. На прашањето по контроверзата претседателот кажа: „Сметам дека тој треба да остане“.

Но другите светски лидери стојат настрана. Волфовиц кажа дека ќе ја почитува одлуката на Бордот на банката. Вели – ништо не криел и е подготвен да прифати што ќе предложи бордот. Состанокот е закажан за денес во пет часот попладне.



XS
SM
MD
LG