Во телевизиската изјава од Белата куќа, Буш ја повтори намерата да ја намали потрошувачката на бензин во САД за 20 проценти во текот на наредните 10 години, како и да го намали количеството на јаглерод диоксид што инаку се смета за причинител на глобалното затоплување. Намалувањрто нa зависностa од нафта е во американски национален интерес, смета Буш. Тој изјави:
-Нашата зависност од нафта создава закана по американската национална безбедност, бидејќи не` прави поранливи на непријателски режими, и на терористи кои би можеле да ја нападнат нафтената инфраструктура. Од сиве овие причини САД имаат очигледен национален интерес да ја намалат зависноста од нафта.
Американскиот претседател побара од Конгресот да ги заостри владините правила за употреба на алтрнативни извори на енергија, како на пример етанол прозиведен од пченка.
Минатиот месец, американскиот Врховен суд пресуди дека владата погрешно ги толкува американските закони кога тврди дека тие не налагаат властите да преземат мерки за намалување на јаглерод диоксидот.