Линкови за пристапност

Рајс во Москва: Ова не е лесен момент во билатералните односи


Воочи доаѓањето, американскиот државен секретар Рајс изјави дека ова „не е лесен момент“ во билатералните односи, но додаде дека сепак нема основа сегашната затегнатост да се споредува со непријателството за време на Студената војна.

Рајс е највисокиот американски претставник кој ја посетил Москва откако во февруари рускиот претседател Владимир Путин го шокираше Запад со говорот во Минхен во кој го критикуваше Вашингтон за, како што кажа, „речиси неограничената“ употреба на воена сила. Во тој говор Путин го нападна и проширувањето на НАТО. Рајс се среќава со Путин утре, на вториот ден од посетата.

Американскиот државен секретар ќе се обиде да ја убеди Москва да го поддржи планот на ОН за доделување контролирана независност на Косово. Кремљ е против, а се противи и на американскиот план за инсталирање на систем за противракетна одбрана во Полска и Чешката Република. Вашингтон тврди дека системот е потребен за заштита од непринципиелни држави како Иран. Москва, пак, инсистира дека тој е закана по нејзината безбедност.

XS
SM
MD
LG