Законодавците гласаа 221 спрема 205 доцна синоќа за усвојување на предлог-законот што го поддржуваат демократите, а кој вклучува средства за обука на ирачките и авганистанските безбедносни сили.
Во јули конгресот треба да одобри дополнителни 53-милијарди долари за одржување на операциите до септември, откако претседателот Буш ќе поднесе извештај за ситуацијата во Ирак.
Спикерот на Домот, Ненси Пелоси, вели дека легислативата е во прилог на одговорно повлекување на американските сили. Таа рече дека актот исто така бара одговорност од ирачката влада и од претседателот Буш.
Претходно вчера, законодавците во претставничкиот дом со 255 спрема 171 го отфрлија предлогот според кој американските трупи требаше да се повлечат за девет месеци.