Претседателот Буш синоќа најави дека го овластил шефот на Кабинетот во Белата куќа Џошуа Болтен да најде заедничка основа со Конгресот за конкретните цели што треба да ги исполни ирачката влада, меѓу кои се и спогодба за решавање на секташкото насилство и спогодба за нафтените приходи.
Претходно, виши армиски лица го брифираа претседателот зад затворени врати во Пентагон за ситуацијата во Ирак. Претседателот по средбата најави дека повторно ќе стави вето доколку новата мерка на Претставничкиот дом одобрува средства за американските сили во Ирак само до јули годинава.
Средбата се случува еден ден откако група умерени конгресни републиканци имале - како што се опишува - невообичаено „отворена“ дискусија за Ирак со претседателот Буш и виши соработници во Белата куќа.
11-те законодавци му порачале на претседателот дека војната наштетува на изборните шанси на Републиканската партија како, и дека расте фрустрацијата во врска со ирачката влада.