Линкови за пристапност

Гејтс: Преранотo повлекување ќе го остави Ирак во хаос


Средбата се случува во време кога Претставничкиот дом под контрола на Демократите планира гласање по новиот документ за финансирање на војната. Со него се предвидува да се ослободат 43 милијарди долари за воени операции во Ирак до јули. Тогаш, господинот Буш треба да докаже дека Ирак политички и воено напреднал пред Конгресот да одобри други 53 милијарди долари.

Сепак, се верува дека актот нема шанса да биде усвоен во Сенатот, каде демократите имаат тесно мнозинство. Белата Куќа кажа дека претседателот ќе стави вето на документот доколку таков стигне на негова меаса.


Секретарот за одбрана Роберт Гејтс во вторникот на сенатска комисија рече дека дека документот ќе ги поремети армиските операции.

-Доколку ова го сториме, веројатно ќе ја финансираме војната до јули, но можам да ви кажам дека Одделот за одбрана ќе се соочи со големи проблеми заради прекинувањето и откажувањето на договорите и програмите, што во тој случај мора да се направи. "

Демократскиот сенатор Патрик Лехи го запраша секретарот Гејтс кои услови треба да се исполнат за да му препорача на претседателот повлекување.

Гејтс одговори дека прерано повлекување ќе го остави Ирак во хаос, но дека американските армиски команданти ќе дадат прецизна оценка за условите во септември.

XS
SM
MD
LG