Трансформацијата на Армијата на Република Македонија била тема на средбата во Пентагон. Најголем дел од првата фаза на реформите е завршена, но трансформацијата продолжува, подвлекува началникот Стојановски, кој на генералот Пејс му се заблагодарил за американската поддршка:
-Пред се во достигнувањето на одредени стандарди и потребно ниво на интероперативност која се бара во НАТО а со самото тоа подобра подготвеност на припадниците на Армијата да учество на мисиите надвор од Република Македонија-изјави Стојановски
Разговарале и за учеството на македонските војници во мисиите во Ирак, Авганистан, во Босна и Херцеговина, за новото учество со испраќање на набљудувачи во Либан, во состав на мисијата на ОН, но истотака и за
-Она што ќе се случува во наредниот период и на кое можеби не му се дава голем значај и не му се посветува големо внимание меѓутоа за нас е многу битно-превземање на обрските на координациониот центар на земјата домаќин, во случајот Република Македонија, центар кој ќе дава логистичка поддршка на НАТО силите на Косово-подвлекува генералот Стојановски
Македонската армија и натаму планира да се потпира на американска помош за достигнување на одредено ниво на интероперативност, што е еден од основните предуслови што армијата треба да ги исполни Македонија да стане членка на НАТО, вели началникот Стојановски. За тоа каква е американската оценка за досегашните реформи во одбраната? Стојановски коментира:
Сигналите се позитивни, крајно охрабрувачки.
Началникот на макеоднскиот генералштаб вчера се сретнал и со началникот на Националната гарда, генерал Стивен Блум, а претходно во Тампа, Флорида учествуваше на конференцијата на коалиционите сили за Ирак.