Линкови за пристапност

Генералот Вилијам Калдвел потврди дека е убиен висок претставник на Ал-Каида во Ирак


Портпаролот на американската армија, генерал-мајорот Вилијам Калдвел, вели дека министерот за информирање на ал-Каида во Ирак, Мухариб Абдул Латиф ал-Џабури, бил убиен на први мај за време на операција во Таџи, северно од Багдад, предводена од американските сили.

-Ние го зедовме телото од местото на операцијата. Преку тестирање на ДНК, што не беше завршено до вчера, бевме во состојба позитивно да го идентификуваме лицето што сме го убиле."

Додека американските официјални лица чекаа на потврда за смртта на Џубори, ирачките претставници на први мај соопштија дека лидерот на ал-Каида во Ирак, Абу Ајуб ал-Масри, исто така е убиен во Таџи. Ирачките официјални лица не приложија никаков доказ во поткрепа на тврдењето.

Американските претставници велат дека Џубори бил инволвиран во неколку киднапирања од висок профил, вклучувајќи го и американскиот репортер Џил Карол и американскиот мировен активист Том Фокс. Фокс беше пронајден мртов, а Карол беше пуштена во март 2006.

Американската армија го предаде телото на Џубори во средата на членови на неговото семејство во Багдад, но армијата вели дека ирачките сили потоа привеле член на семејството и го презеле телото на багдадски контролен пункт.


Портпаролот на Министерството за внатрешни работи , бригадниот генерал Абдул Карем Калаф за ирачката телевизија кажал дека ирачките сили пресретнале член на семејството што го пренесувал телото на лидерот на терористичката група поврзана со ал-Каида во Ирак.

Генералот Калаф вели дека ирачките сили го идентификувале телото како Абу Омар ал-Багдади, лидер на бунтовничката група Исламска држава Ирак.


Американски и ирачки официјални лица не можеле да објаснат како се случило извештаите да кажуваат различни работи. Генералот Калдвел кажа дека американските официјални лица немаат информации за лицето познато како Багдади.




-Има многу дискусија за лицето наречено ал-Багдади, но ние не сме сигурни кој е тој-вели Генералот Калдвел

И покрај конфузијата, генералот Калдвел кажа дека фактот што ирачките сили запреле и истражувале сомнително возило е доказ за подобрување на безбедносната операција во Багдад.

-Има многу луѓе во овој град што се пренесуваат откако се умрени. Тоа ирачките безбедносни сили го гледаат во многу возила. Но тие биле во состојба да го идентификуваат ова лице, и тоа е добро.

Генералот кажа дека во април меѓу 1500 и 2000 невини граѓани биле убиени или ранети од автомобили-бомби и бомбаши самоубијци. Генералот рече дека во истиот период коалицијата и ирачките сили презеле 139 напади на цели на ал-Каида, убивајќи 87 осомничени терористи и приведувајќи 465 други.

XS
SM
MD
LG