Линкови за пристапност

По ветото, Конгресот и Белата куќа работат заедно на нов документ 


Шефот на Кабинетот Џошуа Болтен и други соработници на Белата куќа добија задача од претседателот да работат со Конгресот на подготвка на новата мерка.

Претставничкиот дом немаше доволно гласови за поништување на ветото на претседателот Буш на кое тој се одлучи бидејќи на предлог-документот за воени трошоци конгресните демократи прикачија рок за повлекување на американските сили од Ирак.

По гласањето, претседателот се сретна со конгресни лидери од обете партии. Тој рече дека е оптимист оти ќе се постигне компромис и се заложи тоа да се стори што поскоро. Лидерот на Сенатското мнозинство Хари Рид, пак, подвлече дека новата мерка треба да се осврне и на промената на мисијата на американските сили во Ирак и ставањето крај на војната во оваа земја.

XS
SM
MD
LG