Линкови за пристапност

Волфовиц вели не сторил ништо незаконско


Волфовиц се појави пред етичкиот панел во Вашингтон со цел да ја објасни неговата улога во промовирање и зголемено покачување на платата на жената со која е во романтична врска, Шаха Риза, која работела во Банката.

Панелот врши истрага дали Волфовиц ги прекршил правилата на Светската банка, обезбедувајќи и на Риза работа во американскиот Стејт департмент со плата поголема од таа што и следува.

Волфовиц се брани дека нејзиното префрлување имало цел да спречи конфликт на интереси и оти било одобрено од комитетот за етика на Банката.

Претседателот на Светската банка се наоѓа под притисок од некои актуелни и поранешни членови на Банката, кои бараат негова оставка. Тие тврдат дека со неговата постапка го минимизирал кридибилитетот на меѓународната институција.

Бордот на директори на Светската банка ќе одлучи дали ќе побара од Волфовиц да поднесе оставка, дали ќе го укори или ќе преземе друга акција.

XS
SM
MD
LG