Линкови за пристапност

Џез-фестивалот ги обединува музиката и културните традиции на Њу Орлеанс


Њу Орлеанс – тука се роди џезот и многу локални групи продолжуваат да настапуваат по клубовите во градот кога не се на турнеја. The Rebirth Brass Band има обожаватели насекаде во светот, но фронтменот Фил Фрејзер вели да се настапува на џез-фестивалот во Њу Орлеанс е нешто посебно:

-Иако патуваме ширум светот, ова е добар начин светот да дојде и да не види на наша почва.

Организаторите на џез-фестивалот гледаат како на обединување на музиката и на културните традиции на Њу Орлеанс со поширокиот свет кој го има засакано џезот токму поради Њу Орлеанс. Дон Маршал е човекот кој стои зад фестивалот:

-Доаѓаат многу луѓе, од цел свет и тоа ги поврзува нашите музичари со меѓународната сцена. Многу наши групи склучуваат договори за европски турнеји, снимаат, продаваат албуми и ние на еден начин создаваме поголем пазар за музичарите и нашата културна економија.

Маршал е претседател на Фондацијата на џез фестивалот и културното наследство на Њу Орлеанс. Парите од манифестацијата се користат за бројни хуманитарни каузи во градот.

XS
SM
MD
LG