Линкови за пристапност

Историска конфронтација помеѓу Конгресот и претседателот


Додека во Ирак насилството продолжува, Демократите во Сенатот расправаа по мерката за финансирање на војната што бара американските трупи да започнат со повлекување во октомври.

Сенаторот Ричард Дурбин , демократ од Илиноис кажа:

-Денес на претседателот му даваме шанса да го промени курсот на оваа војна, шанса конечно да бара одговорност од Ирачаните и шанса да покаже почит кон нашите мажи и жени во униформа со тоа што ќе ги врати дома

Републиканците во Сенатот се на друго мислење. Сенаторот Кристофер Бонд од Мисури ова го нарече „тажен одраз на тоа колку демократското раководство е во поразување на претседателот Буш“,но додаде тоа значипоразување и на трупите и американската безбедност во Ирак

Во исто време додека траеше дебатата, американскиот командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус зборуваше со новинарите во Пентагон.

-Имам чувство дека секташкото насилство ќе се зголеми таму каде што присуството на нашите сили ќе биде намалено, рече тој.

На крајот во Сенатот двајца Републиканци им се приклучија на Демократите во гласањето, со што Демократите добија мнозинство гласови за повлекувањето.

Белата Куќа одговори речиси веднаш, преку портпаролот Дена Перино, велејќи дека Претседателот Буш не отстапува од ставот дека ќе стави вето на ваква мерка.


Но факт е дека ова ја блокира и можноста до трупите во Ирак да стигнат многу потребните пари. Законодавците се свесни за тоа и ветуваат брз компромис.



XS
SM
MD
LG