Линкови за пристапност

Средби на претставници на Македонците во Бугарија и во Грција со официјални лица во Вашингтон


Во организација на Обединетата македонска дијаспора, Павле Воскопулос од партијата Виножито – Грција и Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО-Илинден од Бугарија се наоѓаат во неколкудневна посета на САД. На разговорите во Вашингтон, доминирала темата за третманот на македонското малцинство во овие земји. Со нив разговараше Јане Бојаџиевски.

Воспокулос и Стојков порачуваат дека сакаат да ги запознаат претставниците на меѓународните организации и на владите на одделни земји за вистинската состојба на македонското малцинство во Грција и во Бугарија, и додаваат дека американската влада има слух за проблемите со кои се соочуваат во овие две земји - членки на ЕУ.

Македонците во Грција економски живеат многу подобро од оние во другите земји затоа што земјата е членка на ЕУ, вели Васкопулос, но потенцира:

- „Кога станува збор за човекови права на малцинските групи, подготвен сум да кажам дека има дефицит на демократија во Грција иако е европска држава. На некој начин, има конкуренција меѓу Македониците во Грција и во Бугарија – кој од нив се наоѓа во полоша положба кога станува збор за човековите права на малцинствата, вели Васкопулос.

Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО-Илинден-Пирин, во Вашингтон на одвоените средби во Конгресот со демократскиот конгресмен Бил Паскрел од Њу Џерси и неговиот републикански колега Марк Саудер од Индијана како и со службениците во Стејт департментот задолжени за Бугарија и Грција, вели дека го искажал незадоволството од третманот на македонското малцинство во Бугарија:

„Борбата е се уште во комитетот на министрите на Европа, кои ќе имаат седница на 4-ти јуни. Се надеваме дека Комитетот постепено ја разбира сериозноста на ситуацијата и аргументите кои ги изложува владата на Бугарија нема да бидат прифатени и оти правдата ќе победи - со што ќе ни биде овозможено да ја регистрираме партијата на Македонците во Бугарија, оцени Стојков.

Владите на Грција и Бугарија, пак, ги отфрлаат тврдењата дека се запоставени малцинските права.

Овие двајца Македонци се сретнаа и со претставници на американската Хелшинска комисија за човекови права. Планирани се и средби со иселениците во Њу Џерси и во Детроит.

XS
SM
MD
LG