Линкови за пристапност

Планетите надвор од Сончевиот систем, достапни на вашиот компјутер


Рандал Џексон, веб-продуцент на станицата, која се изработува во лабараторија на НАСА во Калифорнија вели дека Планет Квест им овозможува на посетителите на едно место да се запознаат со вестите за откривањето на нови планети што кружат околу ѕвездите, како и да научат за науката и технологијата на нивно откривање. Притоа, додава тој, добивате и информации за идните мисии на НАСА чија цел е откривање на свет сличен на оној на Земјата

Научниците користат неколку методи за откривање на планетите во вселената, користејќи телескопи од земјата и вселенски летала.

Џексон објаснува како научните откритија се достапни за јавноста само преку едно кликнување на компјутерското глувче: „Истражувате квадрант на галаксијата по ваш избор. Притискате на одредена ѕвезда. Потоа, го ширите фокусот и го набљудувате планетарниот систем околу таа ѕвезда, по што може да испечатите мапа од тој дел на небото.“

Страницата Планет Квест е лесно разбирлива и содржи материјали што можат да бидат од помош на студентите и професорите. Бидете во тек со откривањето на планети слични на нашата, на адреса: planetquest.jpl.nasa.gov.

XS
SM
MD
LG