Линкови за пристапност

Буш: Предлог-мерката ќе ги врзе рацете на нашите генерали


Со мерката би се обезбедиле 124 милијарди долари за армиски операции, но таа истовремено задава необврзувачка цел за повлекување на поголемиот дел од американските сили во Ирак до април 2008-ма. Мерката зацртува и цели што треба да ги исполни ирачката влада за да покаже напредок во обезбедување на земјата.

Претседателот на претставничкиот дом Ненси Пелоси кажа дека гласањето ќе придонесе претседателот Буш по првпат да стане одговорен за војната. Мерката ќе се најде во Претставничкиот дом во време кога главниот американски командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус, на средби во Конгресот бара законодавците да дадат повеќе време најновото зголемување на американските сили во Ирак да даде резултати.

Се очекува мерката до четврток да мине во Претставничкиот дом а потоа и во Сенатот – обата под контрола на демократите. Вчера претседателот Буш се закани дека ќе стави вето на каква и да е` мерка што содржи рок за повлекување. Тој рече дека тоа, цитираме, „би ги врзало рацете на нашите генерали“ и би ги охрабрило американските непријатели.

XS
SM
MD
LG