Линкови за пристапност

Буш: знаат дека ќе ставам вето


Претседателот е разочаран од верзијата од законот што обата пратенички дома ја усогласија во понеделникот. Мерката предвидува 124 милијарди долари за итните трошоци во војната во Ирак, но воедно пооставува и цел за фазно повлекување на американските трупи, што треба да започне не подоцна од 1-ви октомври годинава.

-Тие знаат дека ќе ставам вето на закон што содржи такви рокови и знаат дека моето вето е одржливо. Наместо да направат закон што би можел да го потпишам, демократските лидери избраа понатамошно одложување на финансирањето на нашите сили и избраа да упатат политичка порака.

Буш повтори и дека повлекувањето би испратило охрабрувачки сигнал до непријателот, би ги поткопало напорите на американските сили на теренот, и дека во крајна граница би претставувало закана за американскиот народ.

Претседателот стои цврсто на својот став, но тоа го чинат и демократите:

-Време е претседателе, време е одговорно да ја приведете оваа војна кон крајот.

Вака вели демократот од Делавер Џозеф Бајден, претседател на Сенатската комисија за надворешни работи. Тој учествува и во трката за американски претседател на изборите во 2008-ма.

Речиси шест месеци по конгрените избори на кои добија мнозинство во обата дома на Конгресот, демократите тврдат дека имаат обврска да ја поправат, како што велат, ирачката политика на која и` е потребен вистински правец. Тие велат дека Американците гласаа за промени. Претседателот Буш, пак, во кусата изјава од Белата куќа, исткна дека тие воедно не гласале за - неуспех.

XS
SM
MD
LG