Линкови за пристапност

Дебата за финансирањето на војната


Комисијата каде контролата ја има Демократската партија со членови од Сенатот и од Претставничкиот дом ќе се обиде да ги надмине разликите во предлог-законите што се однесуваат на финансирање на војните во Ирак и во Авганистан.

Конечната верзија на легислативата можно е да биде испратена до претседателот Буш оваа недела.


Според документот на Претставничкиот дом септември 2008 е крајниот рок за американските трупи да го напуштат Ирак. Верзијата на Сенатот поставува необврзувачка цел најголем дел од трупите да заминат до март следната година. Претседателот Буш инсистира дека нема да прифати никакви рокови и истакна дека ќе стави вето по прашањето доколку во него се постави рок за повлекување на американските војници од земјата.

XS
SM
MD
LG