Линкови за пристапност

Буш: Најдобар начин да се заштитиме е да се справиме со заканите однадвор


На вчерашната средба со деловни лидери и ученици од сојузната држава Охајо Претседателот Буш кажа дека случувањата во странство се важни за САД и може да имаат бумеранг-ефект ако Американците ги игнорираат:

“Најдобар начин да се заштитиме е да се справиме со заканите однадвор-изјави Буш”.

Во тој контекст, првиот човек на САД смета дека повлекувањето на американските сили од Ирак во овој момент би можело да има катастрофални последици по војната против тероризмот:

“Ако САД го напуштат хаотичниот Ирак, не само што создадениот вакуум од нашиот неуспех да и` помогнеме на младата влада ќе ги охрабри екстремистите, туку верувам дека и ќе предизвика Блискиот исток да влезе во трка за нуклеарно вооружување”.

И Сенатот и Претставничкиот дом усвоија предлог- мерки за воени трошоци во Ирак и Авганистан што содржат крајни рокови за повлекување од Ирак. Претседателот Буш најави дека поради роковите ќе стави вето и коментира дека демократите, кои имаат мнозинство во обата дома на Конгресот, играат опасни политички игри што ќе оневозможат американските сили да ја исполнат мисијата.

Така не мисли претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси:

“Владата на претседателот Буш одбива да ги прифати сопствените норми за политичка, дипломатска и економска промена во Ирак, со што нашите сили побрзо и безбедно би се вратиле дома”.

XS
SM
MD
LG