Линкови за пристапност

Убиецот од Вирџинија: Ме ставивте во ќош и ми дадовте само една опција


Материјалот ТВ-мрежата гo примила од студентот на Политехничкиот факултет Чо Санг Хуи. Материјалот содржи гневна, долга критика за хедонизмот и богатите деца, придружена со неколку фотографии од него како држи пиштоли.

Ен-Би-Си објави делови од видео материјалот на вечерните вести. Напаѓачот гневно зборува во видеото, што ТВ-мрежата го опиша како некохерентен манифест. Меѓу другото Чо вели: „Имавте стотици милијарди шанси и начини да се избегне денешниот настан, но решивте да ми ја пролеете крвта. Ме ставивте во ќош и ми дадовте само една опција. Вие решивте. Сега имате крв на рацете која никогаш нема да можете да ја измиете. “

Некои од објавените снимки од Ен-Би-Си го покажуваат Чо со пиштоли. На една фотографија држи два пиштоли, по еден в рака и во стрелачка поза. На друга фотографија, Чо вперува пиштол директно во камерата.

Ен-Би-Си соопшти дека го примиле писмото со видео-материјалот со поштенска ознака на времето на испраќање – околу еден час и 45 минути откако прв пат стрелал во универзитетскиот кампус, убивајќи двајца студенти.

Многумина од коментарите на Чо се исполнети со клетви, кажани со гневен монотон глас: „Не морав да го сторам тоа. Може да заминам. Можев да побегнам. Но, повеќе не бегам. Ако не за мене, тогаш за моите деца, браќа и сестри“.

Фотографиите и видео-материјалот се последни од серијата разоткривања за напаѓачот, кои излегуваат на виделина по убиствата.

Беа обелоденети извештаи дека против него се покренати две тужби за следење во 2005-та. Потоа му била изречена наредба по првичната тужба во која се подвлекува дека Чо е опасен за себе и за други како резултат на ментална болест.

Ен-Би-Си соопшти дека материјалот му го предал на Еф-Би-Ај. ТВ-мрежата објави делови од него пред Еф-Би-Ај да издаде соопштение за снимениот материјал.

Полицијата соопшти дека е нејасно кога е снимен материјалот.

XS
SM
MD
LG