Линкови за пристапност

Напаѓачот што уби 32 лица на Универзитетот Вирџинија Тек бил студент


Претседателот на Универзитетот Вирџинија Тек Чарлс Стегер соопшти дека студент од оваа установа е одговорен за вчерашниот масакр во училишна зграда на универзитетскиот комплекс во кој загинаа 30 лица.

Стегер кажа и дека полицијата се` уште нема потврдено дали ова лице е одговорно за претходниот напад во студентскиот дом во кој загинаа две лица. Полицијата засега не го има објавено мотивот за нападите.

Универзитетот, што се наоѓа во местото Блексбург во источниот дел на сојузната држава Вирџинија, денес остана затворен. Студентите, професорите, жителите на Блексбург и политичките лидери, меѓу кои и претседателот Буш, денес ќе учествуваат на заедничка молитва за вкупно 33-цата загинати. Ова е најкрваво насилство досега во американските образовни институции.

Дел од студентите и нивните родители се револтирани затоа што одговорните инстанци на универзитетот не ги предупредиле на опасност веднаш по првиот напад во студенсткиот дом и не го затвориле универзитетскиот комплекс.

Стегер вчера изјави дека раководниот кадар на универзитетот и полицијата најпрвин сметале дека првиот напад претставува изолиран инцидент и дека напаѓачот го напуштил комлексот. Приближно два часа по првот напад, во која загинаа две лица, напаѓачот уби уште 30 а рани 15 лица во училилишна зграда пред да си го одземе животот.

На факултетот има голем број студенти и професори од странство. Засега никој не ја контактирал Амбасадата на РМ во Вашингтон со информација дали на универзитетот има студенти од Македонија, а во организацијата Обединета македонска дијаспора нема информации за истото. Меѓу загинатите е и професор по инженерство од Индија и предавач од Израел.

XS
SM
MD
LG