Најмалку три смртни случаи имаше во неделата како резултат на реткото пролетно невреме во државите Њујорк, Конетикат и Јужна Каролина.
Метеоролозите известуваат за рекордни врнежи од дожд низ целиот североисток на државата. Тоа создаде наплив на водата во крајбрежните области и излевање на реките, по што голем број жители беа евакуирани.
Лошото време веќе уби пет лица во Канзас и Тексас во петокот и саботата.
Авиокомпаниите откажаа повеќе од 400 летови од и до трите најголеми аеродроми во регионот на Њујорк.
Предупредувања за доаѓање на ново невреме на источниот брег на САД сеуште се во сила.