Линкови за пристапност

САД одобрија помош за кандидатите за членство во НАТО


Мерката насловена „Акт за зајакнување на слободата во рамки на НАТО од 2007-ма“ овластува финансиска помош за аспирациите за членство во НАТО на Албанија, Грузија, Македонија, Хрватска и Украина.

„Во актот стои, а и став на американската влада е дека вратите на НАТО треба да останат отворени. На оние кои ги исполнуваат условите треба да им се даде шанса да станат членови на НАТО“, вели заменик-помошникот секретар во Бирото за европски и европски прашања Розмари ди Карло за Гласот на Америка на македонски. Таа се надева дека аспирантите ќе продолжат со исто темпо за да добијат покана на самитот во 2008-ма:

- Поканите ќе посекако ќе бидат засновани на учинокот. Го поддржуваме членството на Македонија, Албанија и Хрватска, под услов дека ги направиле неопходните реформи. Во постојан контакт сме со владите на овие земји. Направен е значителен напредок, но треба уште да се стори. Планираме да работиме со нив во наредните месеци, да им помогнеме да ги исполнат квалификациите за членство во НАТО.

Амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски коментира – актот е поддршка на аспирациите на Македонија:

- Со овој акт се зголемуваат шансите на Македонија за интеграција во НАТО пред самитот што треба да се одржи идната година во Букурешт, кога треба да ја очекуваме поканата. Со овој акт исто така се одобрува дополнителна воена помош на Македонија и останатите земји што треба да се реализира до крајот на септември оваа година. Македонија има одлични шанси и мислам дека нема да ја прошуштиме шансата да добиеме покана за НАТО следната година.

Во Актот што го усвои Сенатот пред да појде на потпис кај претседателот Буш, Република Македонија се споменува како Македонија, но проследена со референцата ФИРОМ во заграда, без оглед на фактот дека САД ја признаа земјата под нејзиното уставно име. Запрашана која е причината за тоа, Ди Карло вели:

- Дозволете ми најпрвин да подвлечам дека нашата политика за името на Македонија не е променета. Во 2004-та, ние ја признавме Македонија под нејзиното уставното име – Република Македонија во сите билатерални односи. Ги поддржуваме тековните разговори под раководство на ОН меѓу Грција и Македонија за наоѓање на обострано прифатливо решение за нивните разлики околу името. Веруваме дека тоа што досега не е изнајдено заеднички прифатливо решение не треба да го попречи напредокот на Македонија кон членство во НАТО. Го поддржуваме актот и мошне сме задоволни сме што Конгресот прифати натамошна поддршка за земјите кои сакаат да се приклучат на НАТО. Но нашата поддршка за актот не е прифаќање на поинакво обраќање кон Македонија во мерката.

XS
SM
MD
LG