Радикалниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр ден пред тоа ги поттикна Ирачаните да протестираат заради американското присуство и побара од ирачките безбедносни сили да престанат да соработуваат со американската армија.
Садр ги предводеше бунтовите против американските сили во 2004, и се верува дека е во егзил во Иран.
Пред четири години, американските сили влегоа во Багдад, соборувајќи ја владата на Садам Хусеин.