Линкови за пристапност

Различни оценки околу новата стратегија за Ирак


Поранешниот началник на Здружениот американски гернерал штаб Ричард Маерс тврди дека насилството во Ирак се намалило за 30 до 40 проценти. Тој подвлекува дека не сака да извлекува предвремени заклучоци, но додава дека прелиминираните податоци сугерираат дека американските засилувања во Ирак започнале да го даваат посакуваниот резултат.

Претседателот Буш побара дополнителни 30 илјади војници за да се справат со насилството во Ирак. Со половина од нив веќе на теренот, извештаите покажуваат дека секташките убиства се во опаѓање, но затоа пораснал бројот на бомбашки напади.

Армискиот аналитичар Џејсон Кембел од Институтот Брукингс вели дека иако засилувањата дале позитивни ефекти во Багдад, насилството се префрлило на други места, како во Бакуба, каде нараснало за 30 проценти.

„Нападите сега се шират од Багдад на области што до пред неколку месеци не беа познати по насилство„

Генералот Маерс вели дека е потребно уште време планот да се оствари во целост. Конгресот и Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат демократите, веќе одобрија мерки за вонредни воени трошоци во Ирак и Авганистан, но тие содржат рокови за повлекување на американските сили. Обата дома допрва треба да ги услогласат верзиите пред конечната да се најде на маса кај претседателот. Тој пак, се закани со вето доколку таа споменува повлекување.

Втората половина од дополнителниот контингент 30 илјади војници би требало да се распореди во Ирак до почетокот на јуни годинава.

XS
SM
MD
LG