Линкови за пристапност

Британските морнари пристигнаа од Техран во Лондон


Екипажот на британската морнарица, во кој се наоѓа и една жена, денес пристигна во Лондон со директен лет од Техеран. Морнарите веднаш со хеликоптер беа префрлени во армиска база близу Лондон каде ќе бидат лекарски прегледани и испрашани за случајот.

Британскиот министер Тони Блер изјави дека земјата успеала да ги ослободи без никаква спогодба или преговори. Меѓутоа, тој додаде дека биле отворени, „нови и интересни линии на комуникација“, и рече дека Иран може, доколку сака, да има понакви односи.

Вчера иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ослободувањето го нарече „подарок за британскиот народ“.

Официјален Техеран тврди дека морнарите биле заробени во ирански теиторијални води. Британија го отфрла таквото тврдење. Заробувањето предизвика дипломатска криза помеѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG