Разврска на иранско-британската криза – иранскиот претседател изјави дека ги помилувал и дека ќе ги ослободи 15-те британски морнари заробени пред две недели. На прес-конференција во Техеран, претседателот Махмуд Ахмадинеџад кажа дека решил да ги помилува морнарите како подарок за британскиот народ.
Портпарол на британскиот премиер Тони Блер ја поздрави веста за ослободувањето.
Иранскиот претседател кажа и дека бил навреден од тоа што Британија ги повредила иранските територијални води – тврдење што официјален Лондон го отфрла.
Владите на двете земји деновиве интензивно преговараа за ослободување на британскиот морнарички персонал заробен на 23 март. Инцидентот предивика дипломатска криза.
Претседателот Ахмадинеџад на прес-конференцијата исто така ги одликува припадниците на иранската крајбрежна гарда кои ги заробиле морнарите и ги пофали што ги бранеле иранските територијални води.