Линкови за пристапност

Буш бара Конгресот да одобри средства за Ирак без одлагање и условување


Првиот човек на САД смета дека бидејќи Конгресот не донел „чиста“ мерка за финансирање на борбените трошоци во Ирак и Авганистан, тоа може да резултира во ситуација во која дел од американските сили ќе останат на борбените линии подолго од планираното.

Двата дома на конгресот веќе усвоија мерки за воените трошоци, но тие содржат повици за повлекување од Ирак до 2008-ма. Конгресот и Претставничкиот дом допрва треба да ги услогласат верзиите пред конечната да појде на потпис кај претседателот.

Во обраќањето од Белата куќа, Џорџ Буш подвлече дека минале 57 дена откако побарал од Конгресот да донесе мерка за дополнително финансирање на борбените операции, и ги критикуваше законодавците поради додавање на крајните рокови за повлекување. Тој денес повтори дека ќе стави вето на каква и да е` мерка што би налагала повлекување.

Водачот на демократското мнозинство Хари Рид, пак, има кажано дека доколку претседателот стави вето, законодавците ќе подготват нова мерка со која практично би се укинале средствата за операциите во Ирак во март наредната година.

Згора на се Пентагон предупредува дека му треба нова инфузија од средства до крајот на април за да може непречено да продолжи со операциите во Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG