Линкови за пристапност

7.000 американски војници ќе се вратат во Ирак порано од планираното


Ваквата вест дојде во време кога претставници на Конгресот и армиски лица изразуваат загриженост дека армијата е преоптоварена со војните во Ирак и Авганистан.

Обата дома на Конгресот веќе изгласаа мерки за воените трошоци, но во нив се вклучени и повици за повлекување од Ирак наредната година.

Од своја страна, Пентагон синоќа најави дека вкупно 30-те илјади војници што како засилување ќе бидат испратени во Ирак за потребите на операцијата за враќање на безбедноста во Багдад и покраината Анбар, ќе останат во земјата барем до крајот на август.

XS
SM
MD
LG