Линкови за пристапност

Конгресот му пркоси на претседателот


По гласањето во Сенатот по партиска линија, мнозинството Демократи објавија победа. Само двајца Републиканци во Сенатот – Чак Хагел од Небраска и Гордон Смит од Орегон – гласаа за законот, кој поставува цел за повлекување на американските трупи од Ирак за скоро една година.

Мерката мора да биде усогласена со верзијата која претходно помина во Претставничкиот дом, која бара повлекување од Ирак до крајот на август 2008-та.

Претседателот Буш рече дека било кој закон со временска рамка за повлекување не само што е неприфатливо, туку е формула за катастрофа.

„Обединети сме и гласно и јасно кажуваме дека кога трупите се наоѓаат во неволја, очекуваме целосно да бидат поддржани“, кажа тој. „Имаме команданти кои носат тешки одлуки на теренот, очекуваме да не им ја отежнуваме на работата“, рече претседателот по усвојувањето на документот.

Демократите не ја менуваат позицијата и го туркаат законот и покрај заканата од претседателско вето.

Пети Муреј е од државата Вашингтон. Тој вели, „Веќе рековме дека дојде време нашата нација да им каже на Ирачаните дека треба да ја преземат контролата во свои раце.“

Републиканецот Ричард Шелби од Алабама изјави дека со усвојувањето на законот, според негови зборови, Демократите поставиле датум за преговори: „Преземаме чекор наназад. Поставивме рок за нашата армија. Тоа е лоша порака во лошо време. Сигурно дека тоа ќе го охрабри непријателот. Тоа нема да им помогне на нашите трупи. Тоа е голема грешка.“

Пред гласањето во Сенатот, беше назначена комисија да започнат преговори со Претставничкиот дом да се усогласат двете верзии од законот. Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека очекува во компромисно решение да биде вметнат и речник за повлекување на трупите и покрај најавеното вето.

XS
SM
MD
LG