Линкови за пристапност

Американскиот амбасадор во Ирак потврди дека има разговори со бунтовнички групи


Кализад на прошталната прес-конференција во Багдад рече дека разговорите се со цел да ја изолираат Ал-Каида во Ирак. САД сакаат да одвојат што е можно повеќе групи од Ал-Каида, кажа првиот американски дипломат во Ирак, додавајќи дека целта е да дојде до помирување меѓу различните групи и тие да го прифатат новиот Ирак како реалност.

Ирачаните треба да извлечат што е можно повеќе од одлуката на американската влада да испрати дополнителен број војници во Ирак, смета Калилзад:

- Верувам дека е мошне важно Ирачаните да ја искористат можноста што ја нуди нивното присуство, да донесат одлуки и неопходни компромиси. Се` додека тоа е така, САД ќе останат и ќе го поддржуваат Ирак, иако бројот и составот ќе варира, бидејќи нашата цел е Ирачаните што поскоро да ги преземат нештата во свои раце.

Калилзад го напушта амасадорското место по минати 21 месец на функцијата. Претседателот Буш го номинираше за нов американски амбасадор во ОН.

XS
SM
MD
LG