Линкови за пристапност

Претставничкиот дом усвои резолуција што налага повлекување на американските сили од Ирак


Претставничкиот дом, каде демократите имаат мнозинство, усвои обврзувачка резолуција што налага повлекување на американските борбени сили од Ирак до крајот на август 2008-ма.

Мерката е донесена со тесно мнозинство од 218 наспроти 212. Исходот на гласањето претставува значајна победа за конгресните демократи, и досега најсериозен предизвик за ирачката политика на претседателот Буш.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси кажа дека се работи за историски ден, како и дека Конгресот презел џиновски чекор кон завршување на војната во Ирак.

Мерката во оригиналната верзија се однесуваше на барањето на претседателот за итни трошоци за воените операции во Ирак и Авганистан. Меѓутоа, во мерката тешка 124 милијарди долари, по инистирање на демократите, беше додадена и одредба за повлекување на американските сили.

Претседателот Џорџ Буш се закани дека ќе стави вето доколку неговото барање мине низ Претставничкиот дом со додавката за повлекување.

Во четвртокот, Сенатската комисија за распределување на средствата одобри мерка за финансирање на воените операции што вклучува необврзувачки краен рок за повлекување на поголемиот дел од борбените сили од Ирак до март 2008-ма. Сенатот уште наредната недела би можел да гласа за своја верзија на мерката за финансирање на воените операции и краен рок за повлекување на силите.

XS
SM
MD
LG