Линкови за пристапност

Погубен поранешниот ирачки потпретседател


Точно во 3 часот и 5 минути по локално ирачко време, беше обесен поранешниот ирачки потпретседател во базата на ирачката армија и полиција во северен Багдад, каде се наоѓаше седиштето на военото разузнавање на Садам Хусеин.

Во ноември, Рамадан беше обвинет за убиство, принудна депортација и тортура со уделот што го имал во погубувањето на 148 Шиити од градот Дуџаил откако во 1982-ра беше изведен неуспешен обид за атентат врз Садам.

Првично, Рамадан, кој имаше скоро 70 години, беше осуден на доживотна казна затвор, но ирачкиот апелационен суд одлучи дека казната е преблага, и ја преиначи во казна смрт со бесење:

За време на изрекувањето на пресудата судијата го осуди на смрт со бесење, на што Рамадан одговори дека е невин и ги проколна сите кои ивршиле неправда врз него.

Меѓународните групи за човекови права и шефот на ОН за човекови права претестираа против смртната казна за Рамадан, истакнувајќи дека има недоволно докази за неговото учество во убиствата во Дуџаил.

Таха Јасин Рамадан е трет од замениците од Садам погубени за злостортвата во Дуџаил. Поранешниот ирачки лидер беше осуден на казна смрт со бесење на 30-ти декември.

Ирачки официјални лица соопштија дека егзекуцијата минала без проблеми. Бесењето на Садам предизвика жестоки меѓународни реакции затоа што со мобилен телефон беа снимени последните моменти од неговиот живот.

Синот на поранешниот потпретседател Ахмад Таха Јасин Рамадан за телевизијата Ал-Џезеира рече дека еден од адвокатите го повикал неговото семејство да му пренесе дека присуствувал на неговото погубување и оти ирачката влада соопштила дека ќе им го предаде неговото тело во градот Тикрит.

Таха Јасин Рамадан изјави пред неговата смрт дека сака да биде погребан до Садам Хусеин, чие тело почива недалеку од родниот Тикрит.

Рамадан, кој беше број 20 на листата на најбарани лица од поранешниот режим беше фатен во август 2003-та во севернито град Мосул од курските борци, кои го предадоа на американските сили.

Тој се наоѓаше во американски притвор се до еден час пред неговата егзекуција, кога им беше предаден на ирачките власти.

XS
SM
MD
LG