Линкови за пристапност

Претседателот Буш вели дека војната во Ирак може да биде добиена


Претседателот Буш, во кусо телевизиско обраќање од Белата Куќа рече дека последните безбедноснии операции во Багдад и во провинцијата ал-Анбар покажуваат знаци на напредок. Истовремемо, тој повика на трпение, истакнувајќи дека за успех во Ирак ќе бидат потребни месеци, а не недели.

„Помалку од половината дополнителни трупи кои ги испраќаме допатуваа во Багдад. На новата стратегија ќе и биде потребно повеќе време за да за да се видат ефектите. Ќе има добри, но и лоши денови“, рече претседателот Буш.

Во обраќањето по повод одбележувањето на четвртата годишнина од инвазијата врз Ирак, американскиот претседател зборуваше и за данокот на оваа војна:
„Четири години од почетокот на војната, борбите се тешки, но може да победиме. Ќе победиме, ако имаме храброст и ако сме определени да излеземе на крај со неа“, рече тој.

Уште еднаш, претседателот се осврна на потегот од демократски контролираниот Конгрес за поставување рок за повлекување на американските трупи од Ирак до септември 2008-ма, како дел од законот за итно финансирање. Тој ги повика пратениците да го одобрат неговата барање за итно финансирање, со цел да се регулираат годинешните трошоци без поставување услови и без одложување:

„Мами можноста да се погледнат предизвиците во Ирак и да се заклучи дека најдобро решение е да се спакуваме и да заминеме дома“, кажа тој. „Тоа може да биде задоволувачко решение на кус рок. Но, верувам дека последиците за американската безбедност може да бидат катастрофални“.

Неколку часа пред обраќањето, претседателот Буш имаше затворена средба со членовите од неговиот тим за национална безбедност, вклучувајќи ги и државниот секретар Кондолиза Рајс и секретарот за одбрана Роберт Гејтс. Тој исто така, преку видео-врска, разговараше со ирачкиот премиер Нури ал Малики.

XS
SM
MD
LG