Планот на Демократската партија за повлекување на американските трупи од Ирак го мина првиот тест во надлежната комисија во Претставничкиот дом, но противниците подоцна ја поразија мерката во Сенатот. Прифаќањето на мерката би значело дека американските трупи би требало да го напуштат Ирак до септември 2008, а документот беше дел од предлог-законот со кој се обезбедуваат уште 95 милијарди долари за војните во Ирак и Авганистан.
Демократите ја предизвикаа политиката на претседателот Буш во двата дома на Конгресот, добивајќи поддршка во претставничкиот дом за повлекување на американските трупи уште оваа година, само за да падне во Сенатот.
Ова беше ставено во пакет со законот за трошоци за војните во Ирак и Авганистан, тежок 124 милијарди долари. Републиканскиот сенатор Мич МекКонел кажа дека дека мерката би го осудила Ирак и војната против теророт – на пропаст: "На ова чекаат нашите непријатели. Осама Бин Ладен и неговите следбеници секогаш велеа дека САД нема да издржат долга војна со терористите."
Но демократскиот сенатор Џо Бајден мисли поинаку:
"Уморен сум од тоа дека се работи за храброст“, вели тој. „Единствената храброст што е евидентирана во оваа земја ја покажуваат оние што се на бојното поле, на кои се пука и кои се убивани."
Републиканскиот сенатор Џон МекКеин тврдеше дека повлекувањето на трупите ќе донесе повеќе штета отколку корист: "Не можете да си замислите колку полоши може да станат работите", кажа тој.
Но демократите не се откажуваат од обидот да ги мобилизираат Американцитеда го убедат претседателот да ја заврши војната. Сепак, претседателот има кажано дека ќе стави вето на секоја легислатива што ја отежне неговата способност да ја води војната.