Линкови за пристапност

Американскиот Сенат ќе расправа за резолуција за повлекување на американските сили од Ирак до крајот на март 2008-ма


Претходните два обида, во кои предлог-резолуцијата го критикуваше планот на претседателот Буш да испрати дополнителни сили во Ирак за да се справат со секташкото насилство, беа блокирани од републиканците. Овојпат тие се согласија на дебата, но - како што наведуваат - само поради тоа јавно од говорницата да се спротистават на резолуцијата.

Резолуцијата предвидува повлекувањето на американските сили да започне четири месеци по нејзиното евентуално усвојување, а да заврши до 31-ви март наредната година. Во Ирак би останал мал број војници кои би го штителе тамошниот американски персонал во Ирак, би ги обучуваче ирачките сили и би вршеле контратерористички операции.

Првиот човек на Сенатската комисија за надворешни работи, демократот Џо Бајден смета дека мисијата во Ирак е исполнета: „Садам е мртов. Немаше оружје за масовно уништување, а Ирак се придржува до одредбите на ОН. Гледано буквално, мисијата веќе нема мандат.“

Неговиот сопартиец Тед Кенеди вели: „Време е да им дозволиме на Ирачаните да преземат одговорност за сопствената иднина и да започнеме со повлекување на нашите сили од Ирак.“

Опозиционите републиканци, како сенаторот Џон мек Кејн од Аризона, предупредуваат:

„Ако сега заминеме од Ирак, ризикуваме да дојде до пропадната држава во срцето на Блискиот Исток, рај за терористите, вовед во регионална војна во една економски витална област и хуманитарна катастрофа што би засегнала милиони луѓе.“

Неговиот колега Мич мек Конел смета дека непријателот чека токму таков документ. Осама бин Ладен и следбениците, вели тој, повеќепати имаат кажано дека САД не се способни за долга војна против терористите.

Претставничкиот дом разгледува слична резолуција.

XS
SM
MD
LG