Американската влада многупати кажала дека жените биле угнетени во Авганистан за време на владеењето на Талебан. Актуелната администрација посочува на ослободувањето на жените како резултат на војната против Талебан.
Американскиот Стејт департмент востанови награда за храбри жени, а две од добитничките потекнуваат од Авганистан.
Државниот секретар Кондолиза Рајс изјави:
- Ова се жени пионери во областа на политиката и правото, образованието и човековите права, бизнисот, науката и новинарството.
Меѓу добитниците на наградата беа и жени од Индонезија, Латвија, Саудиска Арабија, од Малдивите, Аргентина, Ирак и Зимбабве.