Линкови за пристапност

Џорџ Буш в четврток заминува на турнеја низ Латинска Америка


Претседателот Буш имаше обраќање во јужноамериканската трговска комора.


- И покрај напредокот, десетици милиони на нашата хемисфера остануваат заглавени во сиромаштија. Мојата порака до нив е дека во САД можете да видите пријател.

Воочи патувањето, претседателот објави иницијативи за проширување на образованието, здравствената заштита и можноста за стекнување дом.

- По овие витални социјални прашања ние правиме многу во двете Америки. Со инвестирање во вакви програми им помагаме на семејствата да изградат понадежна иднина.

Многумина на патувањето на американскиот лидер гледаат како на обид да се покаже грижа за овој дел на светот и како на обид за спротивставување на влијанието на претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кој го критикува американскиот капиталистички стил за сиромаштијата и нееднаквоста во регионот.

Лидерот на Венецуела работеше на проширување на своето влијание со отворено поддржување на неколку лево ориентирани претседателски кандидати во регионот – меѓу кои и Даниел Ортега во Никарагва.


Првата станица за претседателот Буш ќе биде Сао Паоло, во Бразил, каде ќе се сретне со својот колега Луиз Инацио Лула да Силва. Се очекува двајцата лидери да ги здружат напорите за употреба на етанолот како промоција за користење на таканаречените био-горива наместо нафта.


Буш ќе престојува и во Уругвај, Коломбија, Гватемала и Мексико.

XS
SM
MD
LG