Линкови за пристапност

САД бараат функционален национален консензус во Македонија за членство во НАТО


Основен предуслов за членство во НАТО е широк национален консензус на таа тема, вели Фрид во интервју за Гласот на Америка. Запрашан за загриженоста на меѓународната заедница дека недостатокот на политички дијалог меѓу власта и опозицијата ги загрозува шансите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, Фрид укажува на примерот со Полска:

(file photo)" hspace=2 src="/macedonian/images/State_Daniel_Fried_2005_berlin_2101.jpg" width=210 align=left vspace=2 border=0>- Поранешните комунисти и партиите што настанаа по „Солидарност“ се препираа секојдневно за многу прашања, но во врска со НАТО беа обединети. Имаше вистински национален консензус, работеа заедно Полска да се приклучи на НАТО и сторија се` што требаше да сторат за таа цел. Тоа го бараме од сите земји што бараат членство во НАТО. Не бараме перфектна политичка хармонија – такво нешто не се случува во демократијата. Бараме национален консензус што функционира и би сакал да видам такво нешто во Македонија.

Освен консензусот, фактор е и времето, смета помошник-секретарот за Европа и Евроазија во Стејт департментот, кој се наоѓа во посета на регионот, а утре треба да биде во Скопје:

- Навистина нема многу време. Наредниот самит на НАТО ќе се одржи во првата половина на 2008-ма - значи приближно за една година. НАТО годинава ќе решава за членството. Мојот совет е - погледнете во календарот, утврдете што треба да сторите и сторете го тоа. Тоа е мојата порака до Македонците.

Хрватска, пак, вели Фрид, направила голем напредок во истата насока – се соочиле со минатото со апсењето и испраќањето на генералот Готовина во Хаг, реформите се импресивни, иако има уште работа, но генерално напредокот е импресивен и претседателот Буш го уважил тоа.
XS
SM
MD
LG