Линкови за пристапност

Одгледувањето на афион за опиум во Авганистан на рекордно ниво


Помошникот државен секретар Ен Патерсон, даде загрижувачки бројки - одгледувањето на афион за опиум во Авганистан минатата година се зголемило за 59 проценти, со што 2006-та станала рекордна година. Според проценката, афионот се одгледувал на 172 илјади хектари и дал преку 5.600 метрички тони дрога. Терористите од Талебан се вмешани во трговијата со дрога, вели Патерсон.

- Талебан самиот јавно се поврза со одгледувањето на афион. Во моментов од профитот од дрогата се поддржуваат елементи на Талебан и се финансираат напади врз американските и силите на НАТО.

Во делот за Македонија, пак, стои дека земјата не е ниту главен прозводител ниту пак главна регионална транзитна точка за дрогата. Владата остварила извесен напредок во борба против трговијата со дрога во 2006-та - имало пораст во запленувањето на незаконски наркотици - но затоа се зголемила и нивната употреба. Иако извештајот се однесува на 2006-та, во него се бележи и акцијата во јануари 2007-ма, во која беа запленети дури 500 килограми кокаин. Се наведува и дека владата ја одобрила Стратегијата и акциониот план за борба против дрогата на специјалната комисија за оваа цел составена од претставници на неколку министерства, а се истакнува и соработката со УНМИК, и покрај извесни потешкотии во врска со координацијата, планирањето и разузнавачките податоци.

XS
SM
MD
LG