На Конференцијата во ирачкиот главен град ќе учествуваат ирачките соседи и петте постојани членки на Советот за безбедност: САД, Британија, Франција, Русија и Кина.
Белата куќа вели дека учеството на конференцијата наредниот месец не значи и директни разговори на САД со Иран и Сирија.
„Нема да има билатерални средби САД - Иран или пак САД - Сирија во контекст на конференцијата. Неа ја организираат Ирачаните и е посветена на прашања во врска со Ирак“, изјави вчера портпаролот на Белата куќа Тони Сноу.
Сноу кажа и дека одлуката да се учествува на конференцијата не значи промена во политиката на американската влада, како и дека ова нема да биде по првпат трите земји да учествуваат на мултилатерална средба.
Вашингтон ги обвинува Иран и Сирија дека придонесуваат за насилството во Ирак. Тие, пак, ги отфрлаат таквите наводи.