Линкови за пристапност

Ал Гор: Заканата од глобалното затоплување е морално, а не политичко прашање


Поранешниот потпретседател на САД вели дека глобалното затоплување постои и планетата Земја ја доведува во голема опасност.

- Мразот на Северниот пол се топи побрзо. Доколку продолжи со тоа темпо, водените површини во светот ќе нараснат за околу 6,5 метри. Токму тоа би се случило на Флорида, околу Шангај, што е дом на 40 милиони жители, областа околу Калкута – 60 милиони. Во Њујорк, меморијалот на Светкиот трговски центар би бил под вода. Помислете на последиците од неколку стотици илјади бегалци, а потоа замислете 100 милиони.

Уште пред неколку децении, Ал Гор напиша книга за ефектите од глобалното затоплување, што подоцна стана и бестселер, а додека беше на потпретседателската функција помогна во преговорите за протоколот од Кјото за климатските промени. САД го потпишаа овој меѓународен договор, но никогаш не го ратификуваа. При изработката на An Inconvenient Truth се користени комјутерски симулации, графички прикази, табели, факти и предвидувања.

- Се се сведува на вистината за ситуацијата со која се соочуваме во моментов. За помалку од еден век, популацијата на Земјата се зголеми четирикратно. Технологијата е за илјада пати помоќна и сега одненадеж, способни сме да му наштетиме на нашиот единствен дом и затоа мораме брзо да ја сфатиме големината на опасноста што претстои.

Во филмот се посочува на потребата од намалување на исуштањето на штетните гасови како јаглероден диоксид, чии ефекти се поврзани со силните временски непогоди, топење на мразот, зголемувањето на нивото на водените површини и ширењето на заразните болести.

Но, Фред Смит, не се согласува со идејата. Тој претседава со институтот Competitive Enterprise, што се противи на предлогот за задолжително контролирање на испуштањето на јагледод диоксидот. Смит е наклонет кон пристапот за слободен пазар кога станува збор за прашањата за животната средина и додава дека ставовите на Ал Гор и самиот филм создаваат алармантна атмосфера.

- Ова е обид нешто да се продаде, а не да се изложат објективни научни податоци. Гор вели дека се оди по ѓаволите, слушајте ме мене, зашто светот во кој живеете нема да постои. Но дали ова е ефикасно? За мене не е, мислам дека само шири страв.

Институтот изработи и телевизиски рекламен спот, чие емитување се совпаѓаше со премиерата на документарниот филм. Во него се преиспитува влијанието на глобалното затоплување и начинот за справување со него.

Ал Гор вели дека приказите во филмот е повик за будење и дека ги изоставил политичките фактори и идеологијата за народот навистина да види за што се работи.

Изложувањето на оваа порака била и причината зошто Дејвис Гугенхајм се согласил да го режира ова остварување. Тој се надева оти An Inconvenient Truth ќе стане катализатор за промена.

- Би сакал луѓето на крајот од филмот да кажат – доста со контроверзата, ова е реалност, ние сме причинители и се работи за вонредна состојба. Доколку веднаш не се преземе нешто, ќе ги промениме работите засекогаш.

Гугенхајм додава дека во филмот Ал Гор не го бара вашиот глас за политичка функција, туку за планетата Земја.

XS
SM
MD
LG