Линкови за пристапност

Иран не се откажува од нуклеарната програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја повтори определбата за поседување на нуклеарна технологија, еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Иран не го испочитувал рокот за прекин на активностите за збогатување на ураниумот како што бараше Советот за безбедност на ОН.

Ахмадинеџад денеска изјави дека Иран, цитираме, не треба да покаже слабост околу нуклеарната криза.

По непочитување на рокот од страна на ОН, Иран можно е да се соочи со дополнителни санкции.

Во меѓувреме американскиот државен подсекретар Николас Брнс изјави дека в понеделни ќе замине за Лондон каде ќе се сретне со останатите постојани членки на Советот за безбедност, Британија, Франција, Русија и Кина.

Брнс истакна дека потребна е нова резолуција, со оглед на тоа што Иран и натаму и пркоси на меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG