Линкови за пристапност

Русија: нови тестови дали живината во близина на Москва починала од птичји грип


Руските власти вршат дополнителни тестови врз угината живина во близината на Москва, откако претходно потврдија дека вирусот на птичји грип бил утврден во мртви птици пронајдени во пет области во близина на главниот руски град минатата недела.

Ветернарните власти денес соопштија дека се сомневаат оти птичјиот грип е причина за смртта на 75 кокошки од саботата-наваму на фарма во местото Раменское близу Москва. Дополнителните тестови треба да потврдат дали живината починала од смртоносниот вирус познат под кратенката Ха-5 Ен-1, што од 2003-та има однесено околу 160 човечки животи во светот.

Според руските власти, во Москва и околината во последните 10 дена починале околу 200 домашни птици. Според земјоделски претставници, сите случаи водат трага од еден пазар на живина во непосредна близина на Москва. Здравствените работници тврдат дека карантинот и санитарните мерки што биле преземени во меѓувреме го спречиле ширењето на вирусот.

XS
SM
MD
LG