Линкови за пристапност

Иран вели дека програмата за збогатување на ураниум нема да скршне кон производство на нуклеарно оружје


Според главниот ирански нуклеарен преговарач, неговата земја може да даде гаранции дека програмата за збогатување на ураниум нема да скршне кон производство на нуклеарно оружје.

Али Ларијани синоќа во Виена се сретна со директорот на Агенцијата на ОН за атомска енергија, Мохамед ел Барадеи, еден ден пред истекот на крајниот рок на ОН - Иран да прекине со збогатување на ураниум. Ларијани исто така ги отфрли заканите со употреба на сила, велејќи дека само преговори можат да го решат тековниот спор околу иранската нуклеарна програма. Претходно тој изјави дека Техеран бара, цитираме, конструктивен дијалог. ОН му дадоа рок на Иран до денес да запре со збогатување на ураниум, предупредувајќи дека во спротивно можат да воведат нови санкции против земјата.

Вчера иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кажа дека земјата ќе прекине со програмата за збогатување на ураниум доколку западните земји прекинат со своите програми.

Портпаролот на Белата куќа Тони Сноу на тоа реагираше со коментар дека се сомнева оти понудата на иранскиот претседател е сериозна.

XS
SM
MD
LG