Линкови за пристапност

Претставничкиот дом започна расправа по предлогот на Буш за зголемување на американските сили во Ирак


Демократите добија можност за целосна дебата за ирачката политика на претседателот Буш – нешто што тврдат дека републиканците го избегнувале кога тие го контролираа Претставничкиот дом. Во текстот на нацрт-резолуцијата што ја подготви Демократската партија се вели дека Конгресот и Американците ќе продолжат да ги поддржуваат и штитат американските сили кои служеле или служат во Ирак. Па сепак, во неа стои и дека Конгресот не ја одобрува одлуката на претседателот Буш да испрати дополнителни, преку 20 илјади војници во Ирак.

Се` до четврток, сите 435 конгресмени ќе имаат можност во рок од пет минути да кажат што мислат.

Новоизбраниот член на Конгресот на ноемвриските избори Мајкл Аркури од Њујорк вели:

- Крајно време е Конгресот да расправа дали последниот предлог на претседателот Буш за зголемување на силите всушност ќе ја промени ситуацијата во Ирак. Конгресот мора да одржи дебата за тоа.

Републиканецот Патрик мек Хенри, пак, ги обвини демократите дека играат бесмислена политичка игра:

- Нивната резолуција за Ирак нема сила на закон. Ова необврзувачка резолуција всушност е само затскриен обид да се задоволи демократската левичарска база.

Лидерот на републиканското малцинство Џон Бонер вели дека резолуцијата е само почеток на обидот да се укинат средствата за американските сили во Ирак:

Лидерот на демократското мнозинство Стени Хоер реагираше на тоа со изјава за медиумите, дека треба да е јасно оти демократите не поддржуваат никаков потег што на крајот би ги изложил американските сили на опасност.

Меѓутоа, демократските водачи ја поддржуваат иницијативата на конгресменот Џон Мурта, претседaвач на клучна одбрамбена поткомисија - барањето на претседателот Буш за 93 милијарди долари за Ирак и Авганистан да се разгледува од аспект на тоа кои се конкретните потреби во обука и опрема со кои американските единици ќе бидат целосно подготвени.

XS
SM
MD
LG