Линкови за пристапност

Сите решенија кои сега се изгласуваат во Собранието многу подобро го промовираат соживотот и правата на Албанците


Интервју со Имер Селмани, вицепремиер за имплементација на Охридскиот договор и министер за здравство на Република Македонија

- Како да заживее политичкиот дијалог власт-опозиција, кога во меѓувреме продолжуваат политичките обвинувања?

- Во Република Македонија е поголем товар по секоја цена да продуцираме дијалог. Политички дијалог има, не само во институциите на системот, туку и надвор од нив. Вистиски дијалог има во Парламентот каде се носат законите. Како показатаел дека постои дијалог во Македонија е дека само за шест месеци, само во овој состав на Парламентот, прифатени се 20-тина амадмани од страна пратениците од опозиционите па ртии. Во изминатите 4 години одвај 13 амандмани беа прифатени од опозицијата. Тоа е доказ дека имаме дијалог.

- Можен ли е економски напредок на Македонија со ваква политичка констелација, каква што имаме во моментов?

- Мислам дека не само што може туку и тоа ќе се случи. Владата на Република Македонија има цврст став дека мораме да ги помрднеме работите на економски план. Меѓу сите политички партии, независно дали се опозиција или власт, има јасен консензус за неколку битни работи – стратешките определби за членство во ЕУ, НАТО, исполнувањето на Охридскиот договор и економскиот развој. Актуелната влада во тој правец почна една активна кампања, „Инвестирајте во Македонија“, што се промовира во преку 30 држави. Има голем интерес од надвор во ова фаза од кампањата, со цел во Македонија да дојдат профилирани компании, да инвестираат во земјата. Тие бараат фер пристап и да им се скратат бирократските процедури. Оваа владата најде решение, преку „регулаторната гилотина“.

- Како го оценувате потегот на Демократска унија за интеграција за напушањето на работата на Собранието и најавата дека во иднина ќе дејствува преку општинските градоначалници?

- Знаете, и на почетокот на мандатот од овој парламентарен состав тие беа надвор од Па рламентот, речиси еден месец. Тоа е нивно демократско право - дали ќе учествуваат во работата од Парламентот. Тоа е нивна политичка проценка дали е најдобро за нивната политичка партија. Јас сметам дека тоа не е добра одлука ниту за нив, ниту за Република Македонија, особено во решавањето на идниот статус на Косово. Мислам дека нема аргумент за нивното напуштање на работата во Парламентот. Владата успешно го спроведува Охридскиот договор, многу подинамично во споредба со претходната влада.

- Од ДУИ велат дека одлуката е поради тоа што како политичка партија не се подготвени да бидат дел од една институција и политички процес во кој во континуитет се врши мајоризација и надгласување на Албанците. Точни ли се ваквите тврдења?

- Најпрво мислам дека не е фер од нивна страна дека ДУИ се единствени претставници на Албанците во Македонија. Тоа е една несреќна конотација и став. Во Парламентот има уште многу пратеници-Албанци кои не се од ДУИ, најмалку се 12-мина. Сите решенија кои сега се изгласуваат во Собранието многу подобро го промовираат соживотот и правата на Албанците. Оваа влада многу подинамично и со поголеми финансиски средства го спроведува Охридскиот договор, било во делот на вработувања на припадници од заедниците, па и во делот на инвестициите што се однесуваат на културните вредности на албанската заедница. Не е точно дека се надгласуваат Албанците во Парламентот. ДУИ треба да сфатат дека се опозиција и не се дел од мнозинството во Собранието. Во таа насока, нормално е да се очекува дека мнозинството го надгласува малцинството во инситуциите на системот, како што е случај секаде во светот.

- Не можеме да бидеме дел од институциите кои го уништуваат Охридскиот договор и во кои Албанците се надгласуваат – тврдат од ДУИ. Вие, како вицепремиер задолжен за Охридскиот договор, како одговарате на ова? Има ли уназадување или застој на правата на Албанците во Македонија?

- Во изминатите четири месеци, како вицепремиер задолжен за имплементација на Охридскиот договор, не слушнав ниту еден аргумет, не ми беше посочена ниту една бројка, дека Рамковната спогодба се деградира. Имам постојани средби со граѓаните. Направивме посебна веб-страница за промовирање на вредностите на Рамковниот договор, ги зголемивме средствата за први вработувања на заедниците што не се мнозинство за три и пол пати – или од 46 милиони денари, колку што имаа предвидено СДСМ и ДУИ, на 150 милиони денари. Оваа влада издвои милион евра за доиградба на универзитетската библиотека во Тетово, обезбеди средства за формирање прифесионален театар во Тетово, за основање албански Институт во Скопје... Значи, има големи конктетни чекори, што ние успеавме за четири месеци да ги направиме. Тоа не им успеа на претходната влада - за четири години.

- Ниту независност за Косово, ниту суверенитет на Србија не содржи предлогот на специјалниот претставник на Обединетите нации Марти Ахтисари, кој во Белград и во Приштина го претстави својот предлог за идниот статус на Косово. Може ли ваквиот развој на настаните да има негативна импликација врз Македонија?

- Како прво, Ахтисари има целосна поддршка во клучните држави кои денес одлучуваат за светскта политика, па и за регионот. Иако го немам лично видено предлогот на финскиот дипломат, претпоставувам дека содржи избалансиран приод и кон Косово и кон Србија. Од стратешки интерес не само за Македонија е да се реши проблемот на најдобар начин со прифаќање на решението од страна на Белград и Приштина. Најдобар начин е двете страни да се усогласат околу конечното решение и тоа да биде промовирано под капата на ОН.

XS
SM
MD
LG