Линкови за пристапност

Се подготвуваме за новите барања од НАТО што произлегуваат од самитот во Рига


Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски во Пентагон се сретна со заменикот-секретар за одбрана на САД, Гордон Ингланд.

- Како ги оценувате актуелните американско-македонски односи?

- Имаме одлични политички и воени односи меѓу САД и Македонија. Заедно со албанскиот министер за одбрана Фатмир Медиу остваривме работен доручек со заменикот-секретар за одбрана Гордон Игланд. Разменивме информации за текот на во НАТО. Апсолутно беше реафирмирана американската поддршка, а беше искажана и благодарност за придонесот на Македонија во мировните мисии.

- Имаше ли конкретно барање од Пентагон за зголемување на бројот македонски војници во мисиите во Ирак и во Авганистан?

- Немаше конкретно барање, иако сме свесни дека нашите обврски одат рака под рака со правата. Како се приближуваме до Алијансата, имајќи ги во предвид зголемените барања од Самитот на НАТО во Рига за сите и потенцијалните членки - се подготвуваме во тој правец. Во текот на разговорите во Пентагон имавме куса средба со секретарот за одбрана Роберт Гејтс, кој изрази силна поддршка за земјите од Јадранската група на патот кон членство во НАТО.

Македонија продолжува со спроведување на реформите, најавил Еленовски во Пентагон, што наишло на одобрување од страна на високи американски официјални претставници. Македонија и САД ги продолжуваат разговорите на билатерална основа, а годината ќе се одржат на 28-ми март во Скопје. Тогаш, најави Еленовски, ќе се разговара за сите аспекти од реформите во одбраната. Министерот Еленовски го продолжи престојот во Вашингтон со средби во Белата куќа, но и со сенатори и конгресмени, кои ќе присуствуваат на традиционалниот годишен Молитвен појадок во американскиот главен град на кој се собираат државници и истакнати лица од целиот свет.

XS
SM
MD
LG