Ирачки официјални лица соопштија дека лидерот на исламистички култ кој планирал да изврши атентат врз високи шиитски свештеници загинал за време на еднодневната битка во близина на светиот град Наџаф.
Официјални лица соопштија дека лицето било водач на Војници на Рајот, група која планирала атентатите да ги изврши во понеделникот, за време на служба на Шиитите во градот Ашура.
Членови на култот се лица и од Шиитите и од Сунитите. Лидерот на групата за себе тврди дека е потомок од Пророкот Мухамед, а групата има цел да го врати Махди, вид на учење на Исламот.
Ирачките сили, поддржани од американски тенкови и борбени авиони ја нападнаа групата во неделата. Портпаролот на ирачката армија Мохамед ал Ашкари, изјави дека најмалку 200 милитанти загинаа во битката. Повеќе од 100-тина се приведени. Претходно, официјални лица соопштија дека 300 милитанти беа убиени.
Ирачката полиција соопшти дека во бомбашките напади во Багдад загинале најмалку пет лица, додека во напад јужно од градот, животот го загубиле уште 10-мина.
Aмериканската армија соопшти дека двајца војници се убиени кога нивниот борбен хеликоптер се урнал за време на битка во близина на Наџаф.
Илјадници ирачки војници и полицајци се распоредени околу градот Карбала, и вршат обезбедување за шиитските аџии кои се собраа во Ашура.
Во Ашура се одбележува убиството на Шиитот Имам Хусеин, од седмиот век, кој бил внук на Пророкот Мухамед. Шиитите веруваат дека Хусеин бил наследник на Пророкот. Смртта на Хусеин значела запечатување на поделбата меѓу сунитски и шиитски муслимани.